Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

НЕМИР ВО ДОЦНИТЕ ЧАСОВИ: Малолетник пријавил физички напад од повеќе малолетници

На 22.07.2026 во 00:20 часот во СВР Битола, 16-годишен малолетник од Битола, заедно со негов родител, пријавил дека во училишен двор на ул.„Виенска“ во Битола бил физички нападнат од повеќе други малолетници и се добил со повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.