Прес конференција на Драгана Арсова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ:
Покрај унапредувањето на системот за социјална заштита, Владата продолжува со спроведување мерки насочени кон подобрување на условите за работа на вработените, поддршка на младите и креирање на долгорочни политики за демографски развој.
Потпишан е нов Колективен договор, со кој платите на вработените во центрите за социјална работа во земјава се зголемени за 20%. Со ова се вреднува трудот на стручните лица, кои секојдневно обезбедуваат поддршка за граѓаните и создаваат подобри услови за нивна професионална работа.
Донесен е и Националниот план за управување со Европската младинска картичка за периодот 2026–2028 година. Во тек се активности за објавување јавен повик, за доставување предлог-проекти за имплементација на Европската младинска картичка преку доделување грант-средства, согласно утврдените критериуми и процедури. Целта на ова е избор на оператор, односно организација која ќе биде надлежна за спроведување, развој и одржливо управување со системот на Европската младинска картичка, со што на младите ќе им се овозможи полесен пристап до бројни поволности, услуги и можности во земјата и во Европа.
Исто така, во соработка со УНФПА започнат е процесот на подготовка на Национална стратегија за демографски развој и отпорност. Стратегијата ќе биде основа за креирање политики што ќе ги поттикнат повратните миграции, ќе обезбедат поголема поддршка за семејствата и ќе придонесат кон ублажување на негативните демографски трендови преку инвестиции во човечкиот капитал и рамномерен локален развој.
Овие мерки се дел од пошироката определба на Владата за создавање современи, одржливи и инклузивни политики, што ќе ги подобрат можностите за младите, ќе ги зајакнат институциите и ќе придонесат за долгорочен општествен и економски развој на државата.
фото/видео ВМРО ДПМНЕ


