Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕВРЕМЕ ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА: Синоптичарите со нови најави за времето

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец.

Утринските температури ќе се движат од 11 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 31 до 38 степени. Најтопло ќе биде во југоисточните делови од Македонија, каде температурата ќе се искачи до 38 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.