Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Пеколно жешко и нестабилно: До 40 степени, но ДОАЃА НЕВРЕМЕ во делови од Македонија

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа ќе има услови за невреме со појава на град.

Утринските температури ќе се движат од 14 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 31 до 40 степени. Најтопло ќе биде во југоисточните и централните делови од земјата, каде температурата ќе се искачи до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.

Можеби ќе ве интересира

Јаревски: Во случајот со Алта банка ниту имаме стечај, ниту пропаѓање,  постои мерка на администрација, Народна банка реагираше навремено

ДЕСК

Петкоска: Навременото препознавање на безбедносните закани и размената на информации со НАТО се од клучно значење за националната и финансиската безбедност

ДЕСК

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

ДЕСК