Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Каква е состојбата на патиштата?

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица и ГП Дојран се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути, додека пак на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Напомена: На грчката страна од премините времињата на чекање постојано варираат и вообичаено се подолги.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

Стојаноска: Наместо разлетани пердуви, јавноста добива конкретни одговори за надлежностите во случајот со Алта банка

ДЕСК

Комисијата за култура и туризам во посета на Археолошкиот музеј

ДЕСК

Јованчев: Владата на СДС и ДУИ во 2023 барала деловна соработка со Алта банка од Србија

ДЕСК