Centar.mk
фото Народна Банка
БИЗНИС

Гувернерот Славески до студентите практиканти: „Вие сте дел од иднината на централното банкарство“

Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески ги поздрави студентите практиканти кои започнуваат со практична работа во институцијата посакувајќи им успешен почеток и можност за стекнување нови знаења и практични искуства.

Средбата се одржа во Музејот на Народната банка, во годината кога се одбележуваат 80 години централно банкарство – јубилеј којшто го отсликува долгогодишниот придонес на институцијата во градењето на довербата во националната валута и одржувањето на макроекономската стабилност.

„Вие сте дел од иднината. Искористете ја практикантската работа најдобро што можете – поставувајте прашања, учете од вашите ментори и бидете отворени за нови идеи“, порача гувернерот Славески.

Студентите практиканти ќе имаат можност да се запознаат со работата на различни организациски единици на Народната банка, вклучително монетарната политика и истражувањето, финансиските пазари, статистиката, информатичката технологија, правните работи и трезорското работење, стекнувајќи поширока слика за функционирањето на една современа централна банка.

фото Народна Банка

Можеби ќе ве интересира

ИМАТЕ ПАРИ НА СМЕТКА, НО НЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ КОРИСТИТЕ – Во кои ситуации банката може да го ограничи пристапот до средствата?

ДЕСК

ОКОЛУ ДВА МИЛИОНИ ЕВРА ПОВЛЕЧЕНИ ОД АЛТА БАНКА – Славески објасни што претходело на вонредните мерки

ДЕСК

ОД ПОНЕДЕЛНИК НЕМА ДА РАБОТАТ ЕКСПОЗИТУРИТЕ НА АЛТА БАНКА – Воведен неделен лимит од 10.000 денари

ДЕСК