Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Ја поздравуваме акцијата на полицијата и приведувањето на Цуна, СДС да се извинат и да одговорат дали со своите смутови сакаа да му помогнат на бегалецот?

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Ја поздравуваме брзата акција на македонската полиција и приведувањето на бегалецот од правдата, Александар Лазаров – Цуна.
МВР покажува високо ниво на професионално постапување и бескомпромисна борба против криминалот, при што постапува подеднакво кон секој кој се огрешил пред законот.

Со приведувањето на Цуна, паднаа во вода обвинувањата на СДС дека Панче Тошковски сакал да го пушти на слобода.
Впрочем, оваа е уште една во низата лаги на СДС кои им се распрснуваат како меур од сапуница, за што, како по навика, им е виновен Тошковски од кого, за што и да се случува во државата, бараат оставка.

За ваквото свесно лажење и манипулирање на пошироката јавноста, од опозициската СДС треба да се извинат.

Од друга страна, се поставува прашањето, дали со своите лаги, манипулации и смутови СДС сакаа да му помогнат на бегалецот?

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК