Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ПАТОТ НЕ ПРОСТИЛ КАЈ НАПЛАТНАТА РАМПА: Пет лица повредени во сообраќајка меѓу две возила

На 14.07.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Тетово- Скопје, во близина на наплатна рампа Глумово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(33) од Скопје и возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 39-годишната Л.А. од с.Патишка Река, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото „фолксваген голф“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, сопатникот М.А.(24) и уште една малолетна сопатничка од возилото „фолксваген голф“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

„ПКУ Херои“ го одржа вториот камп за деца со фенилкетонурија и нивните семејства

ДЕСК

ЗИМАТА ТРОПА НА ВРАТА – Македонија ја очекуваат снег, дожд и силен ветер, температурите одат во минус

ДЕСК

РАСПРАВИЈА ЗА КРАВИ ЗАВРШИЛА СО ТЕШКИ ПОВРЕДИ – Нападната 67-годишна жена во кривопаланечко

ДЕСК