Centar.mk
фото ВМРО ДПМНЕ
МАКЕДОНИЈА

Велјановски до Тренчевска: Го изгубивте легитимитетот уште како министерка за труд и социјална политика со бројните скандали и контроверзи затоа сега СДС се бори за политички опстанок

Александар Велјановски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се обрати на денешната седница во Собранието каде што истакна дека кандидатите за министри се силно докажани секој во својот ресор и нагласи дека со нивната умешност, образование и искуство ќе дадат голем придонес во унапредувањето на политиките на владата.

„Се јавив на реплика на говорот на пратеничката и поранешна министерка за труд и социјална политика Јована Тренческа затоа што, легитимитетот којшто го изгуби на последните избори како министерка заедно со поголем дел од колегите со коишто сега ги дели пратеничките клупи во опозицијата, токму зборува за рејтингот којшто го имаат и сега критикувајќи ја реконструкцијата на владата и храбриот чекор можам да кажам слободно на премиерот Христијан Мицковски во период кога има силен рејтинг и огромна предност пред опозицијата, сепак нели визионерски се превземаат чекори за унапредување на реформите и за забрзано реализирање на започнатите проекти, кога зборувате вие почитувана пратеничка Јована не смееме да заборавиме дека вие бевте министерка за труд и социјална политика во периодот 2022-2023 година, а тоа е период којшто ќе остане запаметен како а еден период во којшто беше инсталирана целосно партиската војска на социјалдемократскиот сојуз и ДУИ во овој ресор и исто така бевте дел од многу процеси коишто беа контроверзни и проследени со скандали коишто за коишто денеска имаме судски постапки, имаме обвиненија и само да ве потсетам дека вие бевте дел од седницата на влада кога се донесе незаконската одлука на Артан Груби за набавка на милионската набавка на лотарија за набавка на апарати“ кажа Велјановски и додаде:

„Сметам дека вашиот период кога требаше да го кренете својот глас против неправдите коишто се случуваат веќе одамна е изминат и го трошите само вашиот легитимитет и понатаму заедно со вашиот лидер претседателот на социјалдемократскиот сојуз Венко Филипче којшто ако може да се проследат последните анкети се гледа дека се бори за својот биолошки минимум односно за политички опстанок на сцената”, истакна Велјановски.

Велјановски потенцира дека кандидати за министри се силно докажани секој во својот ресор и нагласи дека со нивната умешност, образование и искуство ќе дадат голем придонес во унапредувањето на политиките на владата.

„Сметам дека оваа реконструкција како што кажав е храбар чин а и визионерски чекор на претседателот Христијан Мицкоски. Избрани се лица коишто ќе бидат министри до крајот на овој мандат, коишто се силно докажани во секој во својот ресор и знам дека со нивната умешност, образование и искуство ќе дадат голем придонес во унапредувањето на политиките на владата. Еден дел од почитуваните кандидати за министри ги познавам и лично и знам дека и сигурен сум дека ќе дадат свој максимум во тоа да испорачаат подобри услови за живот на граѓаните на Република Македонија.“ заклучи Велјановски.

фото ВМРО ДПМНЕ