Centar.mk
фото ВМРО ДПМНЕ
МАКЕДОНИЈА

Ангелова до Николова: Навистина ми е жал што немавте министри со карактеристики како кандидатот за министер за социјална политика, демографија и млади

„Сите овие карактеристики што ги има кандидатот за министер за социјална политика, демографија и млади секако недостасуваа во вашите редови и навистина ми е жал што немавте такви министри и мислам дека можете барем малку од малку да научите од министрите коишто денес се предложени“, кажа Емилија Ангелова, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Ангелова потенцираше дека имала чест и можност непосредно да соработува со кандидатот за министер за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, и истакна дека станува збор за човек кој темелно, посветено и одговорно пристапува кон секоја обврска, додека пак неговото искуство и професионалност претставуваат додадена вредност во работата на односното министерство.

„Го познавам како личност која знае да слуша, да разговара и да бара решенија, а не само оправдувања и мислам дека тоа ви е најголемиот проблем кај него“, рече Ангелова и додаде:

„Убедена сум дека неговото искуство, професионалност и човечки пристап ќе бидат значајна додадена вредност за министерството, особено во областите на социјалната заштита, демографијата и младите. И верувам дека токму со таков пристап ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните со јасна визија, чувство на одговорност и посветеност кон резултатите“.

фото ВМРО ДПМНЕ