Centar.mk
СВЕТ

Руски дрон се урна и експлодираше во Молдавија

Руски дрон денес го премина молдавскиот воздушен простор и се урна и експлодираше во близина на селото Копанка на југоистокот од земјата, објавија молдавските власти. Инцидентот се случил за време на руските воздушни напади врз соседниот украински регион Одеса.

Молдавското Министерство за надворешни работи го осуди настанот преку Телеграм, нарекувајќи го „сериозно и неприфатливо кршење“ на воздушниот простор.

„Овој нов инцидент е сериозно и неприфатливо кршење на воздушниот простор на Република Молдавија. Уште еднаш потврдува дека агресивната војна на Руската Федерација против Украина создава директни безбедносни ризици за нашите граѓани и целиот регион“, соопшти министерството.

Министерството додаде дека Молдавија останува посветена на одбраната на својот суверенитет, независност и територијален интегритет. Исто така, беше објавено дека соработката со меѓународните партнери ќе продолжи да ја зајакнува безбедноста и отпорноста на земјата од вакви закани./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВИ НАПАДИ ВРЗ ТРГОВСКИ БРОДОВИ ВО ПЕРСИСКИОТ ЗАЛИВ – Екипажот на погоден танкер е безбеден

ДЕСК

РУСИЈА ТВРДИ ДЕКА ПРЕСРЕТНАЛА НАД 1.300 УКРАИНСКИ ДРОНОВИ – Москва пријавува еден од најголемите воздушни напади

ДЕСК

ХОЛАНДСКАТА ВЛАДА СÈ УШТЕ ВО КРИЗА – Денес продолжуваат разговорите за спас на коалицијата

ДЕСК