Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: СДС да не ја злоупотребува Европската агенда за дневно политички поени, европската иднина се гради со реформи и достоинство а не со национални отстапки

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

СДС нема кредибилитет да зборува за Европа, по 7 години неисполнети ветувања, национални отстапки и понижувања. СДС зборува за Европа, а го кочи носењето на Изборниот законик.

СДС е партија која што бланко потпишуваше се што им беше побарано само за да се на власт, СДС ги излажа граѓаните и покрај сите понижувања не успеаја да го испорачаат тоа што ветиле и се договарале.

СДС е партијата која седум години ја убедуваше јавноста дека сите отстапки ќе донесат брз влез во Европската Унија.
Наместо тоа, државата не ги започна преговорите, а граѓаните добија разочарување, економска стагнација и масовно иселување.
СДС во недостаток на визија наместо да понуди идеи и решенија, продолжува со навреди, етикетирања и неосновани обвинувања.
Тврдењата на Богданка Кузеска дека ВМРО-ДПМНЕ е против европската иднина на Македонија се целосно неточни.

ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто определена за членство во Европската Унија, но врз основа на достоинство, заемно почитување и заштита на националните интереси, а не преку прифаќање на нови понижувања и условувања.

Денес, кога Владата на ВМРО ДПМНЕ работи на реформи, економски развој и враќање на довербата во институциите, СДС повторно се обидува да ја злоупотреби европската агенда за теснопартиски цели.

Европската интеграција не смее да биде алиби за политички манипулации, туку процес заснован на реформи, владеење на правото и заштита на државните интереси.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за европска Македонија со силни институции, развиена економија и подобар животен стандард за сите граѓани.