Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ПУКОТНИЦИ ВО КУМАНОВО: Четири лица лишени од слобода по физичка пресметка во стан

На 08.07.2026 во 17:00 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода лице(43) од Куманово, лице (41), лице(34) и лице(67) сите од с.Липково, општина Липково, постапувајќи по претходна пријава дека во стан на ул.„Србо Томовиќ“ во Куманово, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка, во која 43 годишникот од огнено оружје, испукал неколку куршуми во воздух.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.