Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

73-годишник лишен од слобода во Калуѓерица по пожар што се проширил на повеќе имоти

На 08.07.2026 во 12:50 часот во село Калуѓерица, радовишко, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишија од слобода Л.М. (73) од истото село.

Според пријавеното, тој претходно запалил оган на нива, во сопственост на неговиот брат, кој се проширил и зафатил сува трева, дел од игралиште, нива засадена со луцерка, во сопственост на Ѓ.А., засадени дрва ореви, во сопственост на И.Ј. мал дел од сушара за тутун, во сопственост на П.В., а постоела опасност пожарот да се прошири и да ги зафати и околните куќи.

Повредени лица нема. Екипа од Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат. За настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК ПРЕД СУД – Се бара усогласување на 140-те денари со инфлацијата

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Банкротирањето на Еуростандард банка во време на СДС е класичен пример дека СДС и Филипче сакаат банки да пропаѓаат, граѓаните да останат без своите пари, а државата ништо да не направи

ДЕСК

ВЛАЖНИ ПАТИШТА И ОПАСНОСТ ОД ОДРОНИ – АМСМ со предупредување за возачите

ДЕСК