Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во рамки на официјалната посета на Катар, остварил средби со раководствата на „Катар ервејз“ и „Барзан холдингс“.
На средбата со „Катар ервејз“ се разговарало за можностите за воспоставување директна авионска линија меѓу Скопје и Доха. Муцунски ја претставил инвестициската отвореност на Владата.


