Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Хорор во Велес: 30 годишна жена се обидела да го убие својот вонбрачен сопруг, полицијата и’ стави лисици на рацете

На 06.07.2026 во 19:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишија од слобода 30-годишна жена од Велес, затоа што во домот со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 37-годишен вонбрачен сопруг. Повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош, а осомничената била приведена и задржана во полициска станица.

Од страна на полициски службеници предметот бил пронајден и одземен, известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против приведената ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „обид за убиство при семејно насилство“, казниво по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.