На 06/07.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице(32), лице(26), лице(22), лице(20) и лице(30), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, грутчеста материја и марихуана.
На 07.07.2026 во 00:30 часот во с. Леуново, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода лице (27) од с. Шипковица, тетовско, затоа што при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја.
На 06.07.2026 во 15:20 часот на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода лице(41) и лице(25), двајцата од Прилеп. При контрола на патничко возило „сеат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од првиот, а во кое сопатничка била второто лице, пронајдена е марихуана.
На 06.07.2026 во 18:00 часот во Прилеп, во близина на вештачкото езеро, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода лице(31) од Прилеп, бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана.
По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.


