На 05.07.2026 година во 13:20 часот во Тетово, на улица „Илинденска“, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 16 годишен малолетник од Тетово, поради сомневање за претходно пријавени кривични дела „Кражби“ и ,,Тешки кражби“ извршени во текот на изминатиот месец во црквата во с.Брвеница и во неколку џамии во градското тетовско подрачје.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.


