Centar.mk
СВЕТ

Кац: Секој лидер на Иран кој ќе се обиде да му наштети на Израел ќе ја претрпи судбината на Хамнеи

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес му се закани на Иран, велејќи дека секој иден ирански лидер кој ќе се обиде да му наштети на Израел ќе ја претрпи судбината на врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен во израелски воздушен напад.

Додека во Иран се во тек погребните церемонии за поранешниот ирански врховен лидер Али Хамнеи, Кац вети дека Израел ќе се одмазди на секој иден ирански лидер кој ќе се обиде да му наштети на Израел, објави „Тајмс оф Израел“.

„Хамнеи беше убиен во израелски воздушен напад затоа што тој иницираше и водеше планови за уништување на Израел. Атентаторот беше убиен. Секој ирански лидер кој ќе се обиде повторно да спроведе планови за уништување на Израел, исто така, ќе биде осуетен“, рече Кац.

Тој оцени дека повиците за одмазда против американскиот претседател Доналд Трамп испратени од учесниците на погребните церемонии во Иран се „срам што укажува на вистинската природа на режимот на ајатолахот“, пренесува Танјуг.

Кац рече дека иако американско-израелската војна против Иран ја отстранила непосредната закана од уништување на Израел и значително ги еродирала стратешките капацитети на Иран, Израел останува буден и подготвен повторно да се брани во секое време и од секоја закана./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

УКРАИНА ПОД НОВИ УДАРИ ДОДЕКА СЕ ПРЕГОВАРА ЗА МИР – Нападната енергетската мрежа

ДЕСК

САНКЦИИТЕ ПРОТИВ РУСИЈА ИМААТ СЛАБИ ТОЧКИ – Европските ревизори открија пропусти

ДЕСК

ТРАМП ЈА НОМИНИРАШЕ КРИСТИ МЕККОРМИК ЗА АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА – Предлогот е испратен до американскиот Сенат

ДЕСК