Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ЦРН ДЕН КАЈ МРЕЖИЧКО: Камион се превртел и паднал во провалија, загина возач од Кавадарци

На 30.06.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 13:00 часот во близина на село Мрежичко, кавадаречко, при истовар на земја од товарно возило „ман“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.К.(56) од Кавадарци, возилото се превртело и паднало во провалија.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал И.К., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци.

Од страна на алпинистички тим од Специјалната антитерористичка едница „Тигар“, ОВР Кавадарци и Територијалната противпожарна единица Кавадарци, телото на починатиот и возилото биле извлечени од провалијата и по наредба на јавен обвинител телото било предадено за обдукција во Институт за судска медицина Скопје.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Можеби ќе ве интересира

Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти

ДЕСК

Стојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИ

ДЕСК

Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени

ДЕСК