Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Лукровски се врати во Карпош – Значи прифати да одговара за Мицкоски?

Соопштение на СДСМ:

Сотир Лукровски од вчера соопшти дека повторно е градоначалник на Општина Карпош. По речиси два месеци отсуство, се врати на функцијата.

Според сите информации што излегоа во јавноста, Лукровски сакаше да поднесе оставка. Сакаше да си замине.

Но, организираната криминална група ВМРО и нејзиниот шеф Христијан Мицкоски не му дозволија.

Партијата вложи огромни напори и пари за да го освои Карпош, па сега не може да си дозволи да го изгуби преку предвремени локални избори.

Затоа Лукровски „заврши со боледувањето“ и се врати да ја врши функцијата. Не затоа што сака, туку затоа што му е наложено.

Ова е уште еден доказ за тоа како функционира системот на Мицкоски. Луѓето се ставаат на функции не за да работат, туку за да ги штитат партиските интереси. А кога некој ќе се обиде да си замине, бидејќи не може или не сака да ја врши функцијата, му се закануваат и го принудуваат да остане.

Лукровски прифати да остане и да одговара за Мицкоски и ВМРО-ОКГ.

Да седи на функција која не ја сака, затоа што знае дека секој нов потпис може да значи само плус година во „Идризово“.

Ова е партиска диктатура во која луѓето се третираат како потрошна роба.

А граѓаните на Карпош сега имаат градоначалник кој не сака да биде таму, и општина која функционира во вакуум.

Колку уште градоначалници и министри се во иста ситуација, на функција против своја волја, само затоа што Мицкоски и неговата група не сакаат да изгубат контрола?

Секој си го избира својот пат, а со ВМРО-ОКГ се знае каде води тој пат.

Со среќа, градоначалниче!