Centar.mk
фото Општина Карпош / mail delivery
ЛОКАЛНО

Градоначалникот Сотир Лукровски ги продолжува работните активности и обврски во Општина Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, од денеска ги продолжува своите редовни работни активности и обврски.

– И во периодот на неговото отсуство, Општина Карпош функционираше организирано, професионално и непречено, согласно воспоставените процедури, надлежности и редовната динамика на општинската администрација.

Тековните проекти, услугите кон граѓаните и секојдневните активности на општинските служби се реализираа континуирано, со цел граѓаните да не почувствуваат застој во работењето на локалната самоуправа.
Со враќањето на градоначалникот Лукровски на работните обврски, Општина Карпош продолжува со уште поинтензивна координација на започнатите активности и со јасен фокус на реализација на приоритетите значајни за граѓаните.

Во наредниот период, приоритет остануваат проектите насочени кон подобрување на квалитетот на живот во општината: унапредување на постојната инфраструктура, санација и реконструкција на урбаната опрема, одржување на јавните површини и зеленилото, како и постојано присуство на општинските служби на терен.
Градоначалникот Сотир Лукровски останува посветен на одговорно, транспарентно и континуирано работење, со цел Општина Карпош да продолжи да функционира како стабилна, услужна и отворена локална самоуправа за сите граѓани, соопштија од Општина Карпош.

– Општина Карпош продолжува со реализација на своите обврски, проекти и активности во интерес на граѓаните, со јасна заложба за отчетност, ефикасност и посветена работа.

Ви благодариме за поддршката и довербата, соопшти Општина Карпош.

фото Општина Карпош