Centar.mk
СВЕТ

Руски дрон се заби во автобус во Херсон: двајца загинати, петмина повредени

Две лица загинаа, а петмина беа повредени во руски напад со беспилотно летало врз автобус за јавен превоз во Херсон. Нападот се случил околу 7 часот утрово во централниот округ на градот, објавија локалните власти, според Украинска правда.

Началникот на регионалната воена администрација на Херсон, Олександр Прокудин, објави детали за нападот. „Руските сили нападнаа автобус со беспилотно летало во Централниот округ на Херсон околу 7 часот наутро“, рече Прокудин.

Според првичните извештаи, две лица загинаа, а петмина се повредени. Прокудин истакна дека оваа информација се проверува.

Еден маж загина еден ден претходно

Инцидентот се случил само еден ден откако, според претходниот извештај на Прокудин, еден маж беше убиен во Херсон во руски напад врз патнички автомобил./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

БРИСЕЛ СВИКУВА СРЕДБА ЗА УКРАИНА – На маса ќе биде повоената обнова

ДЕСК

ИЗРАЕЛСКАТА ОПОЗИЦИЈА ЗАСТАНА ЗАД АЈЗЕНКОТ – За влада сè уште недостига мнозинство

ДЕСК

КАТАР ГЛЕДА ПРОСТОР ЗА ДОГОВОР – САД и Иран разгледуваат нови предлози

ДЕСК