СВР Штип поднесе кривична пријава против лице (34) од с.Рогле, општина Желино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 25.05.2026, пријавениот – осуденик во Казнено – поправна установа Затвор Штип, по претходна расправија, физички нападнал службено лице од установата.


