Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ВО СКОПЈЕ: Кај 68-годишник пронајдени револвер и муниција

СВР Скопје поднесе кривична пријава против маж (68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 21.03.2026 во атар на с.Батинци, скопско, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило управувано од пријавениот, при што биле пронајдени и одземени револвер и муниција.