Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Велјановски: Бројката на загинати во сообраќајки во првите пет месеци годинава е намалена за 40% за разлика од истиот период минатата, безбедноста на граѓаните останува врвен приоритет на ВМРО-ДПМНЕ

Прес конференција на Веаљановски од ВМРО ДПМНЕ:

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на безбедноста на граѓаните и на спроведување политики кои даваат резултати.

ВМРО-ДПМНЕ и надлежните ќе продолжат со проширување на системот „Безбеден град”, чија главна цел е намалување на бројот на тешки сообраќајни незгоди и преполовување на смртните случаи и сериозни повреди на патиштата до 2030 година.

Дека системот функционира, тоа го потврдуваат и самите бројки. Во текот на првите пет месеци од неговата примена, бројот на загинати во сообраќајни незгоди е намален за 40%, од 55 загинати во истиот период лани, на 33 годинава.

Системот беше воведен прво во Скопје, Куманово, Тетово и на коридорите 8 и 10, а потоа имплементиран и во Велес. Минатата недела, камери беа поставени на автопатот кај Ново Село во општина Дебарца, а истовремено започна и постепено воведување на системот во Охрид.

Безбедноста на граѓаните и понатаму останува приоритет, а „Безбеден град” е само еден од конкретните чекори за постигнување на целта. Истиот ќе биде ставен во функција во секој еден град низ Македонија.

фото/видео/скриншот ВМРО ДПМНЕ