Изјава, Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор:
За две години Мицкоски и ВМРО го доведоа здравството до колапс.
Сред лето, на пеколни температури, хируршките сали, овде во Клиничкиот центар не работат – системот е во дефект.
Се откажуваат однапред закажаните операции и оние за кои е проценето дека не се итни.
Откажани се операции на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар.
Ова е уште еден доказ за целосната негрижа и неспособност на оваа Влада и на Министерството за здравство, да обезбедат елементарни услови за функционирање на здравствениот систем.
Кога во хируршките сали нема услови за работа, не се одложуваат само операции.
Се одложуваат нечии надежи за оздравување, се продолжува нечија неизвесност, се доведува во прашање безбедноста на пациентите.
Кој гарантира дека одложувањата се безопасни, кој ќе сноси одговорност ако се случчат компликации поради чекање за операција?
На една Влада, секој пациент треба да и биде важен. Здравјето и нечиј живот не смее да се третираат селективно.
Но, на Владата на ВМРО, поважно е да има пари за партиски тендери, отколку за функционален и одржлив здравствен систем.
Во буџетот нема пари. На средина од годината дефицитот е целосно истрошен, а државата ја задолжија со нови 2,5 милијарди евра.
Ништо од тие пари не е за мерки за граѓаните, за плати и пензии, ниту пак за инвестиции во здравството.
Пациентите не смеат да бидат жртва на неспособноста, негрижата и лошото менаџирање на оваа криминална власт.
Бараме итно санирање на дефектот и оспособување на хируршките сали за сите пациенти.
Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=CaxOpyiJvfw


