Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИН ПРИВЕДЕН НА ДЕВЕ БАИР: На увид дал фалсификувани зелени карти

На 26.06.2026 во 05:40 часот на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Х.Ј.Е.(44) од Турција, кој управувал товарно возило „рено“ со полуприколка, затоа што при извршена гранична контрола констатирано било дека на увид дал фалсификувани зелени карти.

Тој бил задржан во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка, по што е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК