Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во повеќе делови од земјата се очекуваат локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилноста ќе биде најизразена во западните, централните и источните предели, каде локално може да има поинтензивни врнежи и краткотрајно невреме. Во североисточните делови ќе има повеќе облачност, а во југоистокот ќе се задржи потопло време.
Температурите ќе останат летни. Минималните ќе се движат од 13 до 19 степени, додека максималните ќе достигнат од 27 до 36 степени. Најтопло ќе биде во југоисточните предели, каде се очекуваат вредности до 36 степени, додека во западните и југозападните делови максималните температури ќе бидат околу 27 до 29 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава пороен дожд и грмежи.Температурата ќе се движи од 17 до 35 степени.


