Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Подгответе се за невреме – Синоптичарите со лоши вести за времето

Ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Под влијание на циклонска активност попладне ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер (над 60km/h) и појава на град.

На повеќе места се очекуваат локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилноста ќе биде поизразена во западните, северните, централните и источните предели, каде локално може да има краткотрајно невреме. Во делови од југоистокот времето ќе биде најтопло, со температури што ќе достигнат до 36 степени.

Минималните температури ќе се движат од 12 до 19 степени, додека максималните ќе бидат од 25 до 36 степени. Во западните предели ќе биде посвежо, со температури околу 25 до 30 степени, додека во централните и јужните делови ќе се искачат до 32 и 36 степени.

Во Скопје се очекува променливо време со услови за нестабилност, повремен дожд и грмежи,

Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме, а температурата ќе се движи од 17 до 33 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој при нестабилност локално може да засилува.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК