Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази задоволство од атмосферата на неговите разговори со американскиот претседател Доналд Трамп и другите лидери, велејќи дека Трамп бил соработлив за време на дискусиите за војната во Украина на самитот на Г7 во францускиот град Евијан.
„Ми се чинеше многу соработлив и видов дека слуша многу внимателно“, рече Мерц за Трамп, осврнувајќи се на разговорите за војната во Украина, пренесува ДПА.
Ова, вели тој, му дало одреден степен на оптимизам дека европската и американската страна сега ќе работат заедно за да ја прекинат руската војна.
На прашањето дали Трамп се обврзал да поддржи нови санкции и дека Европејците ќе имаат место на преговарачката маса, Мерц рече дека тоа никогаш не било доведено во прашање.
„Русија не може да победи“
Сосема е јасно дека Русија не може воено да ја добие војната, нагласи Мерц, додавајќи дека руската економија се задушува под товарот на војната и санкциите.
„Ова би можело, можеби за прв пат, да отвори можност за мир“, рече германскиот канцелар.
Мерц имаше впечаток дека Трамп „постепено се отвора кон оваа проценка и бара начин да се стави крај на војната“./Извор:Makfax


