Centar.mk
СВЕТ

Африкански ЦДЦ: Епидемијата на ебола во ДР Конго може да биде најлошата во историјата

Шефот на Африканските центри за контрола и превенција на болести (Африкански ЦДЦ) предупреди дека епидемијата на ебола во Демократска Република Конго би можела да стане најлошата во историјата. Тој рече дека десетици илјади контакти на луѓе заразени со болеста во моментов не се проследени, објави Си-ен-ен.

Споредба со претходните епидемии

„Ако не ја сузбиеме епидемијата многу брзо, таа ќе биде полоша од оние што ги имавме во Западна Африка и источен ДР Конго“, рече генералниот директор на Африканскиот ЦДЦ, Жан Касеја, на виртуелен состанок на африканските шефови на држави во Бурунди.

Тој се осврна на епидемијата што ги погоди Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне од 2014 до 2016 година, при што починаа повеќе од 11.000 луѓе, како и на помалку смртоносната епидемија во Конго во 2018 година./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

УКРАИНА ПОД НОВИ УДАРИ ДОДЕКА СЕ ПРЕГОВАРА ЗА МИР – Нападната енергетската мрежа

ДЕСК

САНКЦИИТЕ ПРОТИВ РУСИЈА ИМААТ СЛАБИ ТОЧКИ – Европските ревизори открија пропусти

ДЕСК

ТРАМП ЈА НОМИНИРАШЕ КРИСТИ МЕККОРМИК ЗА АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА – Предлогот е испратен до американскиот Сенат

ДЕСК