Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

СОНЦЕТО ЌЕ СЕ МЕША СО НЕВРЕМЕ: Денес локално дожд, грмежи и температури до 33 степени

Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утрото ќе биде релативно свежо до умерено топло, со минимални температури од околу 9 до 17 степени. Во западните и јужните предели се очекуваат утрински температури од 13 до 16 степени, додека во источните делови тие ќе се движат околу 9 до 12 степени.

Во текот на денот ќе биде топло, со максимални температури од 24 степени во западните делови до 33 степени во југоисточните региони. Во централните делови температурите ќе се движат околу 29 до 31 степен, а во Скопската котлина околу 31 степен.

Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.