Соопштение на СДСМ:
Антикорупцискиот тим на СДСМ продолжува да ја разобличува тендерската мрежа вредна над 100 милиони евра, во која едни исти фирми добиваат милионски договори од институциите и општините под контрола на ВМРО-ОКГ.
По објавените информации за омилените фирми како „Ленди Груп“ со 74 тендери за 2 години, „Пирамид Билдинг Солушнс“ со 51 тендер и „Мастеф“ со 93 тендери шемата не завршува туку ВМРО ја има надградено и проширено.
Речиси на сите проекти каде што овие фирми се јавуваат како изведувачи, надзорот и проектирањето ги вршат само две компании – „МГ Проект“ и „МБМ Архитекти“.
Во дестина општини, институции, сите раководени од ВМРО-ОКГ, истата шема се повторува.
Бројките покажуваат дека во периодот на владеење на ВМРО овие две фирми бележат експлозивен раст. „МГ Проект“ склучила договори во вредност од 2,4 милиони евра, а „МБМ Архитекти“ 2,9 милиони евра, со раст од речиси 289 проценти.
Дали е случајност што едни исти фирми добиваат тендери, а едни исти фирми вршат надзор и проектирање?
Ништо не е случајно. Станува збор за организирана бизнис-шема преку која се вртат милиони евра јавни пари.
Кој ќе одговара за овие милионски скандали?
Дали Јавното обвинителство ќе постапи или чека телефонски повик?
СДСМ ќе продолжи да ги разобличува сите тендерски шеми преку едни исти омилени и фаворизирани фирми со кои се вртат милиони евра пари на граѓаните.
Ги повикуваме граѓаните да продолжат да пријавуваат криминал и корупција на нашата дигитална платформа www.micko.mk . Ние сме вашиот глас. Заедно се бориме против корупцијата и криминалот.
Да ја вратиме власта во рацете на граѓаните. Сите ќе одговараат, од прв до последен!


