Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
-МАКЕДОНИЈА

Мобилен царински тим спречи криумчарење на златен накит вреден 1,5 милиони денари

Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење златен накит во вредност од 1,5 милиони денари. Случајот е откриен на влез во државата, на граничниот премин Блаце, кога инспектори од Одделението за оперативни работи, поради основано сомневање, извршија контрола на возило со кое управувал македонски државјанин.

При контролата е откриено кршено злато и златен накит со вкупна тежина од 324,7 грама, коишто лицето со намера да ги криумчари, ги завиткало во црна ќеса и ги сокрило во фиоката под возачкото седиште.

Случајот е предаден на Одделението за истраги, кое против сторителот И.М. поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик.