Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Пет лица лишени од слобода во Битола, Прилеп и Скопје затоа што кај нив била пронајдена дрога

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода пет лица кај кои била пронајдена дрога.

На 11.06.2026 во 22:50 часот на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода лице(44) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

На 11.06.2026 во 21:10 часот на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишија од слобода лице (36) од Прилеп затоа што кај него биле пронајдени и одземени грутчеста и прашкаста материја.

На 11.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода две лица и тоа на возраст од 28 и 32 години, двајцата од Скопје, како и лице (24) од кривопаланечко, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и нож.

По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.