Centar.mk
ФОТО Општина Илинден
ЛОКАЛНО

Одржана редовна седница на Штабот за заштита и спасување на Општина Илинден

Во Општина Илинден се одржа петтата редовна седница на Штабот за заштита и спасување, со која претседаваше командантот на Штабот, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.

На седницата присуствуваа претставници од општинската администрација, јавните претпријатија, како и претставници од релевантни институции и компании, меѓу кои ОКТА, Макпетрол, ТАВ, ПС Петровец, Општинскиот противпожарен сојуз и Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.

На седницата беа разгледани насоки за превенција, навремено постапување и ефикасно справување со последиците од природни непогоди и други вонредни ситуации, со цел унапредување на координацијата меѓу надлежните институции. Посебен акцент беше ставен на подготвеноста за претстојниот период на високи температури. Во таа насока, членовите на Штабот дискутираа за активности насочени кон намалување на ризикот од пожари на територијата на општината, како и за мерки за заштита од можни поплави како последица на временски непогоди и нестабилни атмосферски услови.

Општина Илинден и понатаму останува посветена на безбедноста и благосостојбата на граѓаните, заштитата на нивниот имот и животна средина, како и на унапредување на системот за превенција и справување со ризици на целокупната територија на општината.

ФОТО Општина Илинден

Можеби ќе ве интересира

ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – Изменето движењето кон гробиштата поради Задушница

ДЕСК

Левица: Во очи на „Скопје европска престолнина на културата“ – ДПМНЕ и Орце го вратија на сцена нивниот бивши портпарол Димче Арсовски и тоа како директор на МКЦ

ДЕСК

Битола: Граѓаните со свои предлози го креираат буџетот за 2027 година

ДЕСК