Centar.mk
СВЕТ

Лукашенко: Москва е гарант на новиот светски поредок

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко ја нарече Москва гарант на праведен светски поредок.

„Руската Федерација е модерна држава сигурна во својата сила, една од водечките светски сили со моќен економски и одбранбен потенцијал“, рече Лукашенко во честитката по повод Денот на Русија до рускиот претседател Владимир Путин и граѓаните на Русија.

Тој истакна дека народите на Белорусија и Русија отсекогаш биле тесно поврзани низ историјата.

„Сеќавањето на заедничкото надминување на искушенијата, заедничките достигнувања и победи се пренесува од генерација на генерација. Токму ова пријателство, тестирано од времето, дава неисцрпна енергија за понатамошен хармоничен развој“, нагласи белорускиот претседател.

Тој му посака на Путин добро здравје и успех во неговата работа, а на граѓаните на Русија среќа, благосостојба и просперитет./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПСКАТА УНИЈА ПОЧНА ИСТРАГА ЗА УВОЗОТ НА ПЕТ-ПЛАСТИКА – Можно воведување заштитни мерки

ДЕСК

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ВО БЕЛАТА КУЌА – Трамп го именуваше Стивен Милер за нов шеф на кабинетот

ДЕСК

КАНАДА И АВСТРИЈА ЈА ЗАЈАКНУВААТ СОРАБОТКАТА – Безбедноста и економијата во фокусот на разговорите

ДЕСК