Centar.mk
фото Дирекција за заштита и спасување
МАКЕДОНИЈА

ГОЛЕМ ПОЖАР НА РИДОВИТЕ КАЈ ШТИП: Ангажирани три „ер трактори“, огнот се става под контрола

Пожар од поголеми размери избувна попладнево на ридовите Клисабаир и Кумлак, кои гравитираат кон Штип и околните населени места.

Ова доаѓа откако ноќеска беше локализиран пожарот на ридовите над градот, во месноста Плуждино.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој се наоѓа на терен, информира дека во гаснењето се ангажирани три „ер трактори“ со четворица пилоти. Според него, леталата досега извршиле по три налети, а пожарот постепено се става под контрола.

Ангелов посочи дека станува збор за непристапен терен, што дополнително ја отежнува интервенцијата. Тој додаде дека добро го познава ова подрачје, бидејќи како дете живеел во една од куќите најблиску до опожарениот рид.

Надлежните служби остануваат на терен и ја следат состојбата со пожарот.