Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИС

Објавена листа со имиња на фирми и луѓе: Кој колку должи за данок кон државата?

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.06/2026 за долгови доспеани до 28.02.2026 година и неплатени до 31.05.2026 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.

На Листата на должници бр.06/2026 објавени се 1.941 должници – правни лица (помалку за 13 од претходната листа) и 3.117 физички лица (повеќе за 53 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.06/2026 изнесува 12.913.992.404 денари, (повеќе за 786.021.092 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 12.723.405.071 денари, (повеќе за 784.468.818 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 190.587.333 денари (повеќе за 1.552.274 од претходната листа).

Листата може да се погледне со клик на линкот тука кој води до веб сајтот на УЈП.

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПА ИЗДВОЈУВА 1,8 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ – Голема можност за иноватори и стартапи

ДЕСК

ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ПРЕДУПРЕДУВААТ – Поскапувањето на горивата најсилно ги погодува сиромашните економии

ДЕСК

НАФТАТА ПОВТОРНО ПОСКАПУВА – Нов притисок врз светските пазари по нападите во Персискиот Залив

ДЕСК