Centar.mk
аи
МАКЕДОНИЈА

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

Три нови клинички болници во Штип, Кичево и Тетово, како и систем од клинички болници во Скопје ќе го подобрат македонското здравство, смета премиерот Христијан Мицкоски кој на денешниот брифинг со медиуми најави нови инвестиции во здравството како еден од клучните столбови на државата.

Проектите чинат стотици милиони евра и ќе значат модернизирање на здравството, поквалитетни и побрзи услуги за пациентите и олеснување на работата на медицинскиот персонал кој ќе добие нови, современи простории и апаратура која ќе ја олесни нивната работа.

Меѓу најзначајните проекти е новата Клиничка болница која треба да се изгради кај базенот во Карпош, а е инвестиција вредна 1,5 милијарди евра. Оваа болница треба да биде дел од комплексот клиники во Скопје кој ќе биде подземно поврзан, односно ќе биде систем составен од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, ГОБ „8 Септември“, ГОБ „СВ. Наум Охридски“ и новоизградената клиничка болница во Карпош.

Овој систем ќе овозможи побрзо и непречено функционирање на здравствените институции во Скопје, а реализацијата на клиничките болници во Штип, Кичево и Тетово ќе значи растеретување на притисокот кој моментално го имаат скопските клиники.

Можеби ќе ве интересира

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК

Силно невреме проследено со град на автопатот Скопје – Тетово, невреме и во други делови на Македонија: Каде е најкритично?

ДЕСК

ТЕЖОК СЛУЧАЈ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ: Во дом пронајдена почината педесет и деветгодишна жена

ДЕСК