Centar.mk
фото Општина Центар
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Осум нови практиканти започнаа платена пракса во Општина Центар со месечен надоместок од 15.000 денари

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со осумте практиканти кои ја поминаа селекцијата и започнаа практична работа во локалната самоуправа.

Во наредните шест месеци тие ќе бидат ангажирани во различни сектори, 20 часа неделно, согласно своите студиски програми, со месечен надоместок од 15.000 денари.

„Ме радува што оваа година сите практиканти се од различни струки и се распоредени во соодветните сектори. Тие ќе имаат можност да стекнат искуство во доменот на својата идна професија, да видат како функционира локалната администрација и како се носат одлуки што влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните. Воедно, секторите ќе добијат дополнителна поддршка и нова енергија“, истакна Герасимовски.

Тој додаде дека ваквите програми претставуваат значаен поттик за младите кои го започнуваат својот кариерен пат.

„Верувам во потенцијалот на младите. Дел од нив ќе имаат можност да го продолжат својот ангажман во Општина Центар. Уверен сум дека практичната работа многу ќе им помогне да се формираат како професионалци , да го развијат тимскиот дух и комуникациските способности “, порача Герасимовски.

Општина Центар втора година по ред успешно ја реализира програмата за практикантство, за која е предвиден буџет од 1,5 милиони денари. Програмата им овозможува на младите да стекнат практично работно искуство, да ги надградат своите вештини и полесно да се вклучат на пазарот на трудот.

фото Општина Центар

Можеби ќе ве интересира

Беким Сали: Реформите носат конкретни резултати – Северна Македонија останува меѓу лидерите во спроведувањето на Реформската агенда

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА НА ТЕРЕН ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ: Пет лица лишени од слобода по контрола

ДЕСК

Лишени од слобода две лица од Скопје, осомничени се дека украле патничко возило, следува пријава

ДЕСК