Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ФИЛИПЧЕ СО ОДЛУКА: Кадровски смени и освежувања во СДСМ – еве кои се новите луѓе

Со новата платформа „Твоја држава, твоја шанса“, лансирањето на „Скопската иницијатива“, обединувањето околу Фронтот за вистина и правда и усвојувањето на новата програмска рамка, СДСМ отвори нова етапа на политичко дејствување, соопштија од СДСМ.

– Но, промените не се случуваат само на програмски и политички план. СДСМ паралелно се зајакнува кадровски и организациски, отворајќи простор за нова енергија, нови идеи и нови луѓе, велат од СДСМ.

Во оваа насока, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, донесе одлука за именување нови претседатели на општинските организации во Шуто Оризари, Струмица и Пробиштип.

-За претседател на општинската организација во Струмица е назначен д-р Лазо Манев, специјалист по радиологија, докажан во својата работа и современите дијагностички пристапи за рана детекција на различни заболувања, но и во своите менаџерски способности.

-За претседателка на општинската организација Шуто Оризари е назначена Салија Љатив Петрушевска, докторка, стоматолог, долгогодишна активистика, поранешна директорка на Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 ноември“ – Скопје.

-За претседателката на општинската организација Пробиштип е назначена Весна Ристовска, советничка во Советот на општината, која целото свое работно искуство го поминува во приватниот сектор, долгогодишна активистика и поранешна претседателка на Форумот на жени во Пробиштип, соопшти СДСМ.

– Станува збор за дел од процесот на кадровско освежување и организациско јакнење на партијата, за уште посилна и поефикасна работа на терен, поблиска комуникација со граѓаните и членовите, рекоа од партијата.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ има рејтинг од 25,2%, додека СДСМ е втора партија со поддршка од 8,6% од граѓаните

ДЕСК

Манасиевски: Со што е уценет Филипче за да направи ново предавство на Македонија?

ДЕСК

НЕВРЕМЕТО ПОЧНА: Во овие делови од Македонија има засилен пороен дожд, грмежи и сувоградица

ДЕСК