Centar.mk
БИЗНИС

ТЕШКА СОЦИЈАЛНА СЛИКА: Илјадници домаќинства зависеле од гарантирана минимална помош

Од вкупните права на социјална заштита кај малолетните корисници, најголемо учество од 50.3 % имаа услугите на социјалната работа, соопшти Државниот завод за статистика.

Од вкупните права на социјална заштита кај полнолетните корисници, пак, најголемо учество од 84.6 % имаа услугите на социјалната заштита.

Во 2025 година, 35 950 носители на домаќинства, односно толкав број домаќинства користеа гарантирана минимална помош.

Корисници на социјална заштита според возраста, 2025 година:
16 743 малолетни лица, 59 507 полнолетни лица.