Centar.mk
БИЗНИСПРОМО

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 58. сесија на Клубот на истражувачите

На 18 јуни 2026 година (четврток), со почеток во 14 часот, во просториите на Народната банка ќе се одржи 58. сесија на Клубот на истражувачите.

Доколку сакате да презентирате Ваш работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве покануваме да се пријавите со доставување на материјалот на е-адресата: opstiinfo@nbrm.mk, најдоцна до 10 јуни 2026 година (среда).

Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер, за што можете да видите подетални информации на веб-страницата на Народната банка www.nbrm.mk, во делот Клуб на истражувачи.

Можеби ќе ве интересира

Во целост исплатена Еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра

ДЕСК

Ако сирењето лаже, што уште има на рафтовите: Потрошувачите бараат вистина

ДЕСК

Царинската управа го трасира патот кон ЕУ: воведена Фаза 6 на транзитниот систем што се применува во ЕУ

ДЕСК