Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, еден под дејство на алкохол и двајца и покрај тоа што имале активна забрана.
Во Скопје две лица управувале возило без возачка дозвола и по едно лице во Чашка, Гевгелија, Битола и во Кичево возеле без возачка дозвола. Едно лице во Скопје и едно во липковско возеле и покрај тоа што има активна забрана, а едно лице во Берово управувало трактор под дејство на алкохол, односно со 1,74 промили алкохол во крвта и агресивно се однесувал кон полициски службеници. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


