Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ВЕТЕР ДО 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Се очекуваат најсилни удари во западните делови – детална прогноза за следните 4 дена

До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови наместа ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер, грмежи и услови за појава на град, особено во четврток и во сабота. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, кој утре во западните делови повремено ќе достигнува брзина од 60 km/h.

Прогноза за 03.06.2026
Минимална температура: 7°C до 16°C
Максимална температура: 25°C до 33°C

Сончево со мала до умерена облачност и услови за слаб локален дожд на повисоките места. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од западен правец.

Прогноза за 04.06.2026
Минимална температура: 9°C до 18°C
Максимална температура: 22°C до 30°C

Утрото сончево со мала до умерена облачност, а потоа најпрво во западните делови, а потоа несекаде ќе има врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, како и услови за појава на град. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец кој повремено ќе надминува брзина од 40 km/h.

Прогноза за 05.06.2026
Минимална температура: 10°C до 17°C
Максимална температура: 24°C до 32°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од западен правец.

Можеби ќе ве интересира

Каква храна јадеме? Ако и етикетата лаже, на што да веруваме: Нов аларм за храната што ја конзумираме

ДЕСК

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК

Гаши – Хаџиев: континуирана соработка меѓу Собранието и ПАБСЕК

ДЕСК