Соопштение на СДСМ:
Министерката за финансии Гордана Кочовска нè повика на средба за, како што самата рече, „убаво да ги објасниме работите“.
СДСМ веднаш ја прифати поканата, но побаравме разговорот да биде јавен, пред камерите, пред граѓаните, за сите да ги слушнат фактите и бројките за состојбата во која се наоѓа буџетот и долгот.
И потоа избега.
Ниту вчера ја немаше во Собранието.
Прво повикува, а потоа бега.
Зошто?
Затоа што нема како да им објасни на граѓаните дека за само две години Владата на Мицкоски ја задолжи државата за околу 2,5 милијарди евра.
Во декември 2023 година јавниот долг изнесуваше околу 8,5 милијарди евра. Денес, со новото задолжување од 260 милиони евра, јавниот долг се искачи над 11 милијарди евра.
Ова е драматично зголемување за само две години од 2,5 милијарди евра кое го направија Мицкоски и неговата криминална организација.
Дали овие пари завршија во повисоки плати? Не. Имаме најниски плати во Европа, нема поголема минимална плата од 600 евра.
Дали завршија во подобар животен стандард? Не. Граѓаните се посиромашни и едвај врзвуваат крај со крај.
Дали завршија во нови мерки за заштита на граѓаните од поскапувањата? Не. Цените се до плафон а мерки нема.
Дали завршија кај земјоделците? Не. Намалени се субвенциите, земјоделството е пред колапс.
Па каде завршија парите? Во криминални тендери и луксузи на власта.
Затоа ли нема пари за референдум?
Ете затоа побегна Кочовска.
Како и секогаш кај ВМРО – сè е лага и пропаганда.
Кога треба да одговараат со факти и бројки, тие бегаат или создаваат нови дефокус.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


