Centar.mk
фото: скриншот на видео од Влада
СВЕТ

Прва реакција на НАТО откако руски дрон удри во зграда во Романија

НАТО се огласи откако руски дрон удри во станбена зграда во центарот на романскиот град Галац.

Портпаролката на Алијансата, Алисон Харт, изјави дека генералниот секретар Марк Руте е во контакт со романските власти и дека НАТО ја осудува „руската неодговорност“.

Во порака објавена на социјалната мрежа X, портпаролката подетално го објасни ставот на Алијансата.

„Утрово, дрон удри во станбена зграда во Романија, во контекст на руските напади врз украинската инфраструктура во близина на границата. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е во контакт со романските власти. Ја осудуваме руската неодговорност. НАТО ќе продолжи да ја зајакнува својата одбрана од сите закани, вклучително и оние од беспилотни летала“, се вели во соопштението./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

AI-ПРОГРАМА ГО ОБВИНИЛА ПИСАТЕЛОТ, НО ДОКАЗИТЕ ПОКАЖАЛЕ ДРУГО – Наградата му останува

ДЕСК

ХРАНАТА ПОСКАПЕ ЗА РЕЧИСИ 9 ПРОЦЕНТИ – Инфлацијата во Индија достигна двегодишен максимум

ДЕСК

АВТОМОБИЛ-БОМБА УБИ РУСКИ ПОЛКОВНИК – Експлозија кај Санкт Петербург

ДЕСК