Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

КРИМИНАЛНАТА СТАТИСТИКА ОТКРИВА НОВ ТРЕНД: Повеќе пријави, помалку обвиненија и осуди

Во 2025 година, во споредба со 2024 година, имаме зголемување на бројот на пријавените полнолетни лица за 6.5 %, кај обвинетите и осудените полнолетни лица имаме намалување на бројот на сторителите, на обвинетите за 7.7 %, а на осудените за 5.7 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Во 2025 година бројот на пријавените полнолетни лица – познати сторители, во споредба со 2024 година, е зголемен за 6.5 %.

Во наведениот период, намален е и бројот на обвинетите полнолетни лица за 7.7 %, а на осудените лица за 5.7 %.

Во 2025 година, во однос на 2024 година, имало за 3.9 % повеќе пријавени деца во судир со законот, а за 34.7 % помалку осудени деца во судир со законот – сторители на кривични дела.